И тогаш почнав да го раскажувам оној сон кој ми беше зададен во „Љубовна напивка“: Сонувам како лежам во некој кревет.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Неговото тело свикнуваше да прибере само толку сили, за уште еднаш да се зададе во уште еден залет на тоа пеколно пробивање, превиткувајќи се и цепејќи го тесниот премин низ сета непроодност на сивиот ѕид на угорницата, по која пред неговиот поглед почнаа да му се испреплетуваат и некакви синикави кругови, недофатливи, ужасно изгаснати и вртоглави.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)