загуби (гл.) - од (предл.)

43. Православјето – најстарата, најраспространетата и основната религија на сите македонски народности, за сожалување, сосем ја загубило од видот својата главна цел да сее братство меѓу народите, да ги облагородува срцата на верниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од долгото лежење сме заслабнати, сме загубиле од силата. Сме се прележале, што се вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После и сосем ми се загубија од сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)