Во нејзините очи изгрева сјај, ја мести примката за орелот што врти некаде горе над нас и нишани.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Првиот потег: повлечен е одамна, сеќавањето е мачна работа, та не знаеме кој тоа прв почна и што значи првиот потег; син ми вели: идејата за играта е првиот потез, согласјето, на секого одделно и на сите заедно; жена ми: рационална секојпат, заговара практична приказна со ќерка ми дека играта почнала во моментот кога сме седнале наднесени над шаховската табла и од моментот кога е вклучена клепсидрата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)