загледа (гл.) - некаде (прил.)

Дедо Спасе го погледна, го погали по главичката и пак се загледа некаде пред себе и се замисли.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој само ја пофати брадата, се загледа некаде неодредено над отец Пелазгиј и рече: „Кога морето ќе се отвори, пречесен, дали тоа го предизвикал човек или Бог?“ Пелазгиј рече: „Бог“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Игбал се загледа некаде далеку, кон високите врвови на планините од другата страна на езерото, кон оваа страна каде што очигледно се наоѓаше неговото село, ама не се гледаше, и мене ми се чинеше дека сосема заборавил на моето присуство, кога неочекувано проговори: - Само тие што ќе научат да летаат успеваат својот живот да го направат како што би сакале да биде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нумо повлекува длабоко, го испушта чадот низ нос, се чеша зад уво и, загледан некаде далеку, продолжува: - Да не должам многу, Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се загледа некаде кон високите згради на Капиштец и молчеше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Погледот сам му заскита во спротивното огледало, каде што го ослепуваше белата планина; се загледа некаде низ отворот на тунелот во вителот, надвор од прозорските окна, кон планината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Бевме собрани во училишниот двор и чекавме да влеземе - да ги земеме свидетелствата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој ми пријде и ми рече дека сум најубава...“ мама се загледа некаде неопределено.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе отпие, отпие, па ќе се загледа некаде пред себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)