загледа (гл.) - низ (предл.)

Сето тоа убаво го гледа Лазор Перуноски кој од Тодорова Сабота наваму уште од раното се искачува најгоре на Зедница и испружен наколк на зарамнетото се загледува низ полето и по ридовите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најпрво се загледува низ собата, а потоа започнува брзо да раскренува и да средува.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кога се правевме дека таа се загледала низ прозорецот надвор, а јас преку главите на патиниците на задниот крај на автобусот додека јас ѝ го подместував и таа му се подместуваше со помошта на движењата што ни ги овозможуваше клацкањето и нерамномерното одење и подзастанување на автобусот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ѕвезда на Ќорвезировци имаше обичај да се загледува низ прозорецот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така и сега, којзнае колку време откако бате Јоле излезе надвор, Ѕвезда беше се загледала низ прозорецот и одеднаш, како да ја фркна нешто туку извика некако сама за себе: - Талеле, што е она?! - рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се загледува низ маглените превези развлечени под облаците ниско натежнати.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Клара почна да зборува бргу, со едноличен глас: „Густав трча по собите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„И јас се сеќавам,“ рече, па се загледа низ прозорецот, каде се беа збрале врапци и ги колваа трошките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Миговно го почувствува погледот на Нина, ѝ стана незгодно, се воздржа да не се вцрви и се загледа низ прозорецот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се загледа низ одајата, со погледот помина по сите познати предмети од кои еднаш неделно со години го бришеше правот, чудејќи се како можело пак да се нафати толку многу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секогаш кога ќе ја покажеше фотографијата на некој посетител, татко ѝ рамнодушно ќе речеше: – ’Тој сега е во Мелбурн.’ Таа се согласи да замине, да го напушти својот дом.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утредента не размислував многу за тоа, но кога влегов во уредот го гледам Стен Вилис како се загледал низ прозорецот, онака среде ден, па му велам, да се обложиме дека знам на што мислиш, а тој ми вели дека сонувал нешто ноќеска, и пред да ми го раскаже сонот, јас веќе го знаев.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)