загади (гл.) - воздух (имн.)

Можев чисто да ги обвинам дека ми го загадуваат воздухот во Републиката и со првата сосетка што ќе тргне по мојот пат да основам Балканска заедница во која тие ќе можат да бидат примени.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На балконот е ладно, куче да врзиш ќе избега, тој пуши затоа што во просторијата во својот дом одлучил да не го загадува воздухот, всушност, да не им го загрозува здравјето на децата и на жената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
-Во својата старечка алчност тие создадоа економски систем што ја фаворизира староста пред младоста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Полицијата, како слепец со својот тап бастун, не може да ги налучка; но тие се тука, ти лебдеат пред здивот, го загадуваат воздухот, ја онередуваат и почвата, насекаде се околу нас па дури и во нас, а сепак не можат да се препознаат, да се именуваат, не можат да се идентификуваат ни да се легитимираат, тие се безимени но севластни.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Париз и лете и зиме е оној Париз кој може да се сретне и почувствува низ неговото секојдневно сивило, со безбројните автомобили кои овде особено во неговите центри, го загадуваат воздухот и затоа тешко се дише.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„А најлошо е дека има и такви што се искачуваат со автомобили, па и на Водно го загадуваат воздухот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
-За профит тие го загадија воздухот, реките, морињата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
-Во својата импотенција тие во своите мас-медиуми ги слават убиството, насилството и неприродниот секс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)