завршува (гл.) - го (зам.)

Првин, таа се откорнуваше од своето семејство, од родното гратче Лесковик, на самата грчко-албанска граница, востановена по падот на Отоманската Империја, за да си го продолжи животот во Татковото патријархално семејство во Поградец, во периодот на монархиска Албанија, на брегот од Охридското Езеро, за потоа да ја следи егзилската судбина на Татко напуштајќи го засекогаш родното огниште и завршувајќи го животот, првин, во сталинистичка, па во Титова Југославија, во Скопје, главниот град на Народна Република Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Интерес предизвикала и репортажата објавена од американскиот новинар Морис Вестерн, еден од првите што пристигнале во Македонија непосредно по ослободувањето.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Завршувајќи го протестното писмо, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз се надевале дека "на грчкиот народ наскоро ќе му биде овозможено да создава вистинска демократија и остварување на целосни права на Македонците во Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Утредента Јана се враќаше во Бечеј, а Томо и Рада во Куманово, завршувајќи го своето двомесечно патешествие.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Користете се со нив, јас знам дека многу Французи ќе завидуваат затоа што други го напишаа она, што тие усно го изучија, но јас не сум себичен и отворено си признавам дека овие прекрасни правила не се моја измислица, ние им ги должиме нив на оние Французи, кои, завршувајќи го својот курс по филозофија, дојдоа кај нас да ни држат часови. okno.mk 123
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ете ги, најљубезни браќа, малиот збир на правила, толку неопходни за секој, кој сака со успех да блеска во помодното општество.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)