- Да! Токму како што рече ти. Го испуштив пленот. ѝ го измерив умот и тоа беше доволно токму на време со едно културно збогум да ја завршам таа фарса.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Отец Иларион трепереше слушајќи ја, и кога заврши таа, со молчење и со брзи чекори ја напушти ќелијата возбуден, збунет, замелушен.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сега, еве, најдобро што можев ја завршив таа задача, задача со која само посакав, на скромен начин, да го славам прочуениот монарх, на чија величина и моќ во науките на војната и на мирот, а особено во музиката, човек може само да им се восхитува и да ги обожава.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
„Да се случеше барем во одаите на некое воено лице со два чина пониско“, заврши таа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Не е в ред така да се гледа на овој проблем.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нели е речено дека секоја планина си ја носи својата тежина: и поголемата, и помалата“, се обидов да ги корегирам сфаќањата на мојата поубава половина. (А сето време потплукнував, скраја да е од нас).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Требаше еднаш засекогаш да се заврши таа битка!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Да беше жив сега ќе имав внуци многу поголеми од тебе, - заврши таа со рапав и снемоштен глас и седна на работ од креветот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кога ќе завршат со скалите ќе им дозволам да поработат и околу моиве раце - заврши таа и на витрината на нејзината насмевка се појавија само неколку потемнети заби.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не се сеќавам за причината, но изгледа разумно постапив кога решив да оставам да поминат повеќе денови пред да оценам дали ќе треба лично да се зафатам со решавањето на положбата во која се најдов.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- О, мили деца, бидете среќни што заврши таа проклета војна!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Да се важеше, претпоставувам дека сите ние би биле Казанови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се сеќавам како таа ноќ се возевме дома на линијата Е1, чувствувајќи се толку болно и победено што се срамам да го спомнувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Можеби сѐ навистина заврши таа ноќ кога јас почуствував дека тукушто започнувавме, оној пат на плажата во летото помеѓу средно и факултет кога нашите тела се судрија толку очајнички што за миг помислив дека го сторивме тоа, а можеби во срцата и го сторивме, иако за мене во тоа време онадувањето во срцето баш и не се важеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)