заврти (гл.) - кон (предл.)

Карабуклијата пак шмркна од пагурчето, му го подаде на дедот Петка и тој да го накваси грлото оти од многу зборување беше му се засушило, та откако се поналакти на другиот лакт, се заврте кон Доста и почна: — Арно вели побратимот, внуко, арно вели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ете такааа! — испушти Трајко еден оптегнат збор, а во очите му навреа солзи; го бакна малото чупале и се заврте кон четворицата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој застана до Доста, ја фати за раменици и ја заврте кон светлоста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Онбашијата се заврте кон двајца војници и им рече нешто на турски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо мислат, ѓавол да и знае шо мислат, ама арно сигурно не мислат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е еве ошче еден кумита — проговори Ташко, кога го виде и позна Бојка Паленѕов, најстариот син на дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јован се здрви на место кога ги виде оѕверените лица на двајцата џинови, но пак го зеде на шега, па проговори: — Ајде, ајде, повелете да се напиеме, та оставете а шаката! — и се заврте кон гостите, кои, тукушто се прибраа од песната и свирката и почнаа да гледаат што се прави на чардакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се заврте кон сите четири страни на светот и ги повтори истите зборови во воздухот, се издиши длабоко и му олесни на душата, како на работник, кога успешно ја свршил својата тешка работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Размислував така долго време“, рече тој за цитатот, „но последната година го прецртав, бидејќи има многу добри интелектуалци“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се заврте кон Борини, “Мислам, еве ти си еден интелектуалец”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Помисли: „Види го сплаварот како го одмина и островот, дури и не се заврте кон ѕвездите кои светеа на другиот крај на брегот“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се заврте кон нив и се протегна подавајќи ги рацете кон таванот. Високо е, откри. И широко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пари и љубов, ќе се зачудат тие. Од грлото на Јана ќе шибне млаз смеа кога ќе се заврти кон првиот на масата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но штом се заврте кон мене и ме прострела со очите, штом ме одмери од глава до петици, малку подзастана, потоа се стресе и возбудено рече: - За вас имам друг петел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се заврте кон него. Погледите им се сретнаа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зар таа наша стара чаршија не е демократска, најдемократска асоцијација, зашто го почитува секој, па и најнемоќниот член?, се обидов да го заинтригирам кураторот, но тој веќе се заврте кон поинтересен соговорник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од пазувите на актерот повремено се слупа рапаво кавкање, како да се накашлува актерот, кој инаку зборува со длабок глас.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој се заврте кон Луција, завергла со клучот и со силна гас спрашти кон патот; ќе го искршеше џипот од брзина по дупките; излезе од споредниот на главниот пат и спрашти кон Велес.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот се заврте кон Стефана Лествичник, кој одејќи по скалилата на властољубието и гордоста мислеше дека по скалилата на знаењето и Вистината се искачува, се поклони, се прекрсти, го поздрави со „Мир со тебе, оче Стефане“ и рече: „Утре ќе ви ја откријам, пред логотетот, тајната на значењето на секој глас одделно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите само се завртија кон папуџијата Јосиф и го изгледаа со прашање и тага во очите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но бидејќи тој престана да се заблагодарува, тие се завртија кон напуштената Ѓулсиме, која всушност требаше и повеќе да биде сожалувана од него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се заврте кон надворешната врева, и без да каже повеќе ништо за тоа, се насмевна жално, па ’ркна и плукна низ вратата на дуќанот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ѝ поставаше итри иследнички прашања, штикови завртени кон неговото грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
АНЃЕЛЕ: (се завртува кон прозорците да ги види).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Јас му се молам на господа (се завртува кон иконата и се крсти) и на свети Никола златен само да ми го донесе здрав и жив... та како било.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Коте бре!... (Коте се завртува кон прозорецот и се смее.) Море Костадине!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- А ти си тука, распрашана командо, чавко со пауново перце во опашката, ги дигна веѓите старецот и се заврте кон неа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не дочекав да се заврти кон мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се заврте кон мене и иследнички праша кој ги украл парите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потоа се заврте кон мене: - А ти не распрашувај се за она што не е твоја работа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Другиот ништо не одговори; го повлече кон себе чаршавот и се заврте кон ѕидот шарајќи нешто по него со прстот на здравата рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој свирна низ забите и се заврте кон мене со широко исклештено лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Баждар ја извади цигарата од уста, плукна и се заврте кон нас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го извикав. Баждар молкна и се заврте кон мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Баждар се заврте кон Кузмана некострешен и лут.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не се ни насмевна. Отстапи, потоа застана на прагот завртена кон мене со грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некако ја држев тешката стомна. Со мака голтајќи ја лепливоста на надојдената возбуда, сакав нешто да кажам и го кажав најглупавото: Сандре Самарија ќе се обеси, реков, ако не ме разјаде оган однатре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојде до постелата и се заврте кон жените, кои тргнаа по него во две редици, па им заповеда: – Ајде сега, слободни сте.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Плачеа минута-две. количка. Ѝ седна во скутот завртен кон неа, ја прегрна Ред солзи, ред мрсули.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Аха, - се заврте кон оние со Бузо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се заврте кон мене и ми рече: - Убаво црташ...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Потоа се заврте кон моите цртежи на ѕидот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Го оставив јагленот и се завртев кон Роско.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Погледот го заврти кон прозорецот и виде дека се стемнило надвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)