Тоа се горчливи моменти, Васј, неповторливи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Ќе ти кажам јас зошто, ако те завлечкам в участок, - си промрмори старшијата под нос.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Зар немаш никогаш насетено како твојот сопствен ум има намера да те понизи, да те завлечка во матните.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
По природа бистер, научи да чита и пишува од тебе — од мене, ја изучи кај Чала в село наусницата, светчето, псалтирот и некако со аргатите што одеа во Метуите и Кесендрија се завлечка во Солун, та место да оди да жние на светогорските манастирски чифлизи, тој остана во Солун.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа препречена брана, брана накосо поставена, за да се одбрани од сето она што животот го носи, од бурната животна река, големата вода, која ако не се одбрани, човекот ќе го завлечка во лош правец.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Држејќи ја цврсто во своите прегратки, ја тргна од терасата и ја завлечка во една од собите, со сета сила ја легна и ја поклопи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Една ноќ додека туриваше како да беа распукани небесните мориња, Трајан се искраде до шумичката, се завлечка во неа и се најде отаде границата - на грчка територија.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)