Пред да завлезам во матицата на реката од луѓе, која требаше да ме однесе кон центрите на Париз, се впуштив малку во оние квартови и улички под „Сакр кер“, пак под „Монмартр, каде што се продава најевтино, само без етикетирање на она што ќе го купиш.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Штом ќе се завлезе во Западна Германија, се стапува на долг рамен пат, со по три широки ленти од едната и другата страна, кој е без серпентини, а прилега на голема автодромска писта, оспособена дури и за полетување на авиони.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Штом ќе завлезете во павилјонот, а тој е, речиси сиот од бел и сив мермер, чувствувате широчина и ве обзема некоја пријатна тишина, особено ако погледнете во пејсажите на најубавите југословенски езера и на Јадранскиот брег.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Затоа завлегов во „Барбес“, со метро, и излегов пред „Тати“, во една од стоковните куќи каде што пак се продава многу евтино.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Можеби тоа е моментен впечаток на обичен минувач, кој нема време подетално да завлезе во тајните на овој град.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Завлеговме во еден тунел од снег, долг со километри. Видикот го изгубивме.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Гондолата го подзапре својот од кога завлеговме во каналот во Господската улица, во која и денес живеат најбогатите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И, така, завлегов во парискиот пазар на пазарите, кој по нешто има сличности со пазарите каде што се продава старо.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Серпентините стануваат сѐ поостри и патот сѐ подлабоко завлегува во падините на Карпатите штом тој се приближува до Синаја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Седната зад баба ми и дедо ми, за разлика од изразите на другите нивни фотографии, самите веќе завлезени во возраст што ја брише ведрината од насмевката, таа девојка со мазно, тркалезно лице од фотографијата, во нас гледа преку полуспуштените очни капаци со еден чуден, повлечен и скромен, а наедно бистар и настојчив поглед.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како што леталото завлегува во зоната на ноќта распослана над Атлантикот, низ прозорецот допира сѐ поскудна светлина, како некој надвор брзо да го свртува реостатот од светлосниот парк на дневната светлина, па океанот добива на таинственост и несфатлива длабочина, а на небото се појавуваат првите ѕвезди.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Шабтај кој веднаш почувствува дека нешто се случува, на неколкупати се обиде да отвори муабет со снаа му, но таа, што од гордост, што од срам, немаше сила да завлегува во тие теми со свекорот. Шабтај, пак, дозна по нешто од тоа што се случува со син му.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Секирата просто отскокнуваше, немоќна да завлезе во цврстото дрво на трупецот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се искачија по едно долче и завлегоа во густа папрат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Всушност, така јас и моите посетители станавме една група која неополномоштено завлезе во едно многу деликатно прашање, и така јас самиот влегов во ризик за кој, сѐ додека не се случи најлошото, ни од далеку не бев свесен.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не гледав и не бев сведок на мигот кога Симон Наконтик, сиот како зелен волшебник од мочуриште, си го џвакал брадулето и му раскажувал на долговратиот Лазар Аргиров, чиниш е на овој свет само затоа да ги проубавува грдостите, за судбината: тоа е сѐ, човекот во нејзините раце е орудие - коле и беси без совет и без знаење на својата крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Повторно да завлезе во некоја слепа улица.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ситните часови од поодамна беа завлегле во новиот ден.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Како сенка која не пречи, а секогаш е тука, Роска завлезе во длабока старост, почитувана како супер тетка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
“ и уште аплаузи и „Полонезата!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Добро е човек да не завлезе во бесмислености: тоа е моја работа, ништо повеќе од моја желба, вистинска желба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Отсега, бидејќи накусо завлегов во социологија, ќе зборувам за некои понатамошни битни точки за научната поставка на Постмодерната.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Анѓа наполни шеснаесет и завлезе во седумнаесеттата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ете ни го и Толето веќе завлезе во седумнајсет ошче од Митровден, та не ќе биде лошо да си го удомиме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Моја работа”, свика помладиот и завлезе во шумата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Одеднаш завлегов во еден чуден, убав свет и нестрпливо ги вртев страниците побргу да видам што се случило понатаму!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во една таква расположба, недела две пред самата Нова година, Пелагија и Чана заминаа од долното предградие кон центарот на градот, не со умисла да купуваат за себе или за децата, туку да го поминат центарот, да го изодат плоштадот, да завлезат во уличките зад него, да ги признат фотографиите на новиот филм во кино Младина, да излезат на дрвеното мовче преку кое ќе стигнат до малечкото плоштадче пред театарот, и уште потаму, до онаа грозоморна зградурина под Калето што ја викаа Фестивална а беше начичкана со бегалци, со Егејци.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)