Пијана и слатка мака го завиткуваше во лесен облак.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Добро! В ред! Умееш да расудуваш“, ќе ми речеше мајка ми, „но сепак, не мораш се да завиткуваш во некои твои оценки, и на секој збор што ти го испраќаат да му бараш закачка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ги редеше цвеќињата во чаша со вода и го молеше Висара да не ги фрла кога ќе овенат, тука да ги чува додека не му донесе свежи; овенатите цвеќиња ги завиткуваше во шамиче и ги редеше в џеб.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Настапија компликации, неминовни во периодот на транзиција - транзиција... трансформација... дестабилизација... приватизација... изговара Влатко со забавено пулсирање... мислата се кине, концентрацијата попушта, се завиткува во некаков бел превез, нема сила да му се спротистави на сонот, му се предава без отпор - сонот е смирувачки, благотворен, мирислив, мек - небаре е скутот на баба Мирјана...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се завиткувавме во нив, ги врзувавме со телефонска жица што ја наоѓавме во ѓубриштата покрај морскиот брег.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ги чистиме, ги подмачкуваме и ги завиткуваме во мушами, во чаршафи, во што ќе ти се најде...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа ги редеше на четвртести парчиња восочна хартија и вешто ги завиткуваше во неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ги собираат коските од мртвите и ги мијат на чешмата, потоа ги завиткуваат во платна, во торбиња, во вреќиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)