Бидејќи неочекувано од учител станав проповедник, моите зборови многу го трогнаа народот, толку многу што ако за време додека се четеше евангелието од младиот поп Георги сите се накашлуваа како по договор (како во нездраво време) за време, пак, на мојата реч сите со задоволство слушаа и не само што запре накашлувањето, туку човек можеше да си помисли дека народот заборавил и да дише.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ја заборавија ретката гостинка со нацртани веѓи и многу остри ковчиња под тврдата облека, ја заборавија и својата бедна машкост и се обидоа да се извинат, набожнички, вернички, лакејски. „Оче Симеоне...“ Им одговори на непоставеното прашање, отсутно, не дигајќи ја главата потпрена на колениците: „Еднаш еден ваш коњ пуштив да спие кај мене.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кутрата невеста, кутрата Невена! На неа беше заборавило и времето и младоженецот, но таа не го забораваше ни времето ни младоженецот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Заборавив и поздрав да му оставам на Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Заборавила и клепките да му ги затвори.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Заборавав дека можеби луѓето од дружината ме чекаат да застанам пред својата запрега, поточно пред запрегата на оние што ме хранеа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги заборавив и ноќните злодејства заради кои луѓето ги обземаше вражда дури и кон најблискиот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А тие... тие сиот живот го минале на Венера, и имале само две години кога сонцето последен пат изгреало, та одамна ја заборавиле и неговата боја и топлината и вистинскиот лик.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Заборавија и Бугарите дека остана на наша страна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)