Мојот другар, генералот, ги беше заборавил своите оловни војници некаде во близина на хоризонтот, во онаа потемнета зелена кутија на Пандора.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Граѓанинот на бивша Југославија сѐ уште не го заборавил својот некогашен, државен кич, монументалните претстави во кои главна и единствена улога имаше колективното тело.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Навистина, убаво е, велеа домаќините, нашите деца да научат француски и да го учат сето она што се предава во овие училишта, но сметаме дека ќе треба да настојуваме да не го заборават својот мајчин јазик.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Патем погледни дали некој милијардер го заборавил својот сат или прстените, и собери ги, тоа ти е последниот плен.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во паничен страв се стаорците и го забораваат својот противник.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Неговите зелени очи светеа како да беа исмиени од дождот. „Зошто?“ праша, се обиде да ја заборави својата решеност. „Ќе избега гревот и ќе престане дождот.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Та тој не можеше поразот на своите дедовци да го престори во победа, ниту пак можеше да ја замрази мајка си оти нејзините баби некогаш им биле дадени на истите тие дедовци, за овие да ги заборават своите искасапени деца и жени.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Било некако време за икиндија, молитва во предвечерните часови, и се спуштале над нив, сами и изгубени на плитка вододерина, мраќава и есенски дожд, и веќе се стемнило, а Турчинот, во тишината со сосема ретки истрели, го заборавил својот алах: стиска нож и лази кон слепиот проклетник, ќе го коле, ќе ја одмаздува верата и честа на Империјата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го заборавила својот господар и, гладна, волчосана, ја чувствува уште само нашата крв, нашето неотпорно месо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Далеку позагрижувачко е поведението на Европа, која за сметка на своите сомнителни интереси го заборава својот долг кон еден мал народ во срцето на светот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
— Вие сте ја заборавиле својата класна припадност, вели, вие сте закоравени националисти, вели, го губи умот од бес. „Само во празна глава не можеш ништо да туриш, велеше дедо, а празното најдалеку се слуша.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие чекаа туѓа несреќа за да ја заборават својата. Беа гладни дробноимотници.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Куциот го заборавил својот верник и придружник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Локал, кинел со заби, збивал и не слушал дека неговиот втор син (првиот го барал одметникот татко по планинската непроодност) нечујно му се доближувал од зад грб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пиеја гостите, јадеа, се веселеа, како на свадба, но мајката, ни во овие најсреќни за неа часови не можеше да го заборави своето најмило чедо – Гелето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ќе им организирал посебна веселба, но во недела рано, во утринските часови, а може и преку денот, кога и така горниот кат на кафеаната не работи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се разбира, оние, неуморните претсакажувачи на настаните што следат, веќе предвидуваа оти Иван Степанович нема да ги заборави своите девојки.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Татко со овие зборови уште повеќе го поттикна Гури Порадеци, пошироко да си ја отвори душата, да си ја заборави својата мака, да се препушти на големата, заедничката.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Така рекл Христос: „Жена ако заборави свое чедо, а ја вас не ви заборавам, кои имат вера Божија и кои чисто живет.“
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Замајан од замор, ја заборави својата молитва.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И тој беше многу уморен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)