Опиум... така е, опиум! - се радуваше и го преповторуваше зборот за да не го заборави во понатамошното убедување.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сега не се сеќавам на името на градот. Го познавав само еден саат, на автопатот, под сивото рајнско небо, а го заборавив во твоите раце.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Лежеа и молчеа како два остарени песа што се вратиле кај господарот по долго талкање по планини и друмови, по долови и скрки, за да му ги вратат на господарот десетте години што тој ги заборавил во туѓа земја, во туѓ град, во грдо ѓубриште, во една ноќ есенска, темна и дождлива. Кутрите мои чевли.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Штом заврши изложбата, ве уверувам, пријателе драг, оти ќе ви го испратиме вашиот „Автопортрет“, чудесното дело што сте го заборавиле во Истанбул заклучено на дното на Огледалото, се разбира ако Вие го сакате тоа“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Точно како и децата, старците пред зима не се поинакви: тие знаат дека шегата или брзата, непромислена навреда ќе им биде простена или ќе се заборави во следниот миг на играта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Остана таму, на станицата, го заборавивме во вагонот!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога утредента, поправо дента попладне, навратив кај Ж ивко да му го однесам службениот магнетофон што го заборавил во колата, а не во Фолклорниот институт, тој играше шах со Гината; брзопотезен, со кошаркарски резултат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Еден ден се боревме и почувствував дека се заборавил во жарот на борењето, ја зеде машата, а јас избегав зад еден плет, тој удри во плетот, дотрча мајка ми и му свика: Што стори бре, Тасе! а тој – Остави Ристено, ќе си го утепав детето, цел ден немам тутун и таков сум.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Вујна Клементина ѝ ја беше раскажала албанската варијанта за жртвуваната жена, на тврдината Розафата, на својата внука Ервехе којашто таа никогаш не ќе ја заборави во животот и ќе си извлече сопствена поука, но сега, накусо, ѝ ја раскажа и на мајката Амелија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)