заборави (гл.) - ден (имн.)

Седнах, моми, окол' баба пред црковни врати, па сја пуљам и сја чудам зашт' е жаловита и што барат в таква доба т'мна и вечерна, кога људи сја собират дома си сос чељад; кога људи си оставјат дневни си печалби и сбирајат окол' себе дребни, мили рожби, па с них они сја печаљат да сја развесељат, да забравјат дни си чрни, маки, таги, глоби...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Не можевме да го заборавиме денот кога брат ми партиец пресуди, а татко ми се согласи козата да се вика Сталинка, макар што тој си остануваше верен на определбата да се ослободуваме од имиња на војсководци, светци, ослободители, да бараме имиња меѓу цветовите, природата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дончо никако да ги заборави деновите на доење кога се сместуваше во скутот на Чана и се насладуваше со нејзиното млеко, нешто што потраа речиси пет и повеќе години.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)