заборави (гл.) - го (зам.)

Остави сега, реков. Готово е. Им го продаде Хироши. А сега заборави го.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Заборави го, вели Оливера Поточка, може некој сон да ти дошол на јаве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сметај дека отсекогаш сум само Ведран и никој друг!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Како ќе те распознае мајка ти по новото име?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А зарем е битно она што не постои? Заборави го!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веќе не сум оној Стево од пред десет години каков што ти ме паметиш. Заборави го тој Стево. Стево е сега друг.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
заборави го персирањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Заборави го тоа, мајсторе“, рекол дедо ти, веројатно сакајќи да му го потсече опашот на стравот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ИВАН: Не само поради тоа. Најпосле, заборави го веќе еднаш сето тоа. Не мисли повеќе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Заборави го нашето недоразбирање. Не спаѓам меѓу злопамтилата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја прекина Мајка: – Молчи, мила, молчи, заборави го, истерај го од приказната грофот Чано! – Како да го истерам од приказната, кога тој беше таму.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)