забоде (гл.) - крст (имн.)

Ги редеа сите имиња од фамилијата пред чија куќа ќе се видеше забоден крст.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа на гробот од стрика Ангела, од кај главата, забодуваат крст, самоделски и од дабово дрво, а Максим Акиноски откако истура вино врз гробот и откако го прекрстува, и мавтајќи со каделницата одново оптегнува Алелуја, алелуја, ааалеелууујааа!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)