забере (гл.) - гајле (имн.)

- Бре, да затоа си забрал гајле, ами јас да сум ти жив - му рекол стариот - ами еве како ќе му речите на царот: "Честити царе, ние завативме да ви напраиме синџир од песок, арно ама, за да не ни оит маката за бадијала, чунки ние како што сме кинисале да го праиме, кој знаи ти дали ќе го бендисаш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За да ни дојди полесно одењето на угорново, ај да се поносуаме едни други: ти ќе ме поносиш мане, јас тебе и веднаш ќе го поминиме угорново.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Слушај вамо ти, Лала - му рекол - одамна време кај барам девојче, умно и разумно, што да заприлега за царица.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)