забележи (гл.) - веднаш (прил.)

Сета бригада гореше во натпреварувачки огин и, занесени во работа, бригадирците не ја забележаа веднаш големата промена кај малиот палавник, заборавајќи го своето вчерашно решение.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мајсторот, заинтересиран и психолошки да го следи партнерот, го забележа веднаш ова и во првиот момент, токму кога ја одби понудата, му се стори дека во таа нестрпливост на противникот се јавува извесен изглед за неговата победа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Не знам како се одврзал, баш и јас се зачудив кога видов – пак излажав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Без тебе? – се зачуди таа. – Зошто Бак е одврзан? – забележа веднаш потоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа сврте десно и замина со тежок чекор, без да забележи веднаш дека оди во погрешен правец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)