забележи (гл.) - нејзин (прид.)

Лилјакот, змијулчето. – А животните од ЗОО? – продолжува тој, мртов ладен, како да не ја забележува нејзината итрина: - Кое ти се допаѓа најмногу?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Виктор кој одеше пред неа, не го забележа нејзиниот пад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А тој чекајќи ја на клупата под зелениката во паркот зад стадионот, уште од далеку ја забележа нејзината неизбежна среќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше соочен со озрачено женско лице на кое ги забележа нејзините сочни бели заби, но погледот му се задржа на нејзиниот снажен сензуален врат што под меката кожа не мируваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега нивните досиеја покриваат над 500 видови. 160 okno.mk За да идентификуваат една, тие прават хемиски тест, ги мерат нејзините обем и длабочина, и потоа ја забележуваат нејзината боја и белези.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога почнуваа со оваа работа, имаа релативно лесна задача оти имаше само три или четири различни видови „Екстази“ таблети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Посебно ме стаписа забелешката што ми ја шепна (а другите не можеле да не ги забележат нејзините усни на моето уво) значи таа ми нашепна дека претпоставувала оти и случајот со ноќта на славеите е еден од оние мои соништа за кои таа нема ниту може да има некое објаснување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вујна Клементина ќе ја забележи нејзината расположба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нѐ обзеде силен трепет кога, од далечината, ја забележавме нејзината осамена силуета, со двете куферчиња, како ни наближува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)