Се доближи уште повеќе до Татко, но тој не го забележа неговото присуство.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
— Ставај, бре комито, ставај да носам жив кај бимбашијата, — почна да го скорива Суло младото петнаесет шеснаесет годишно момче, кое ги вргалеше очите во небото и случајно ги фрли во Суловите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сакаше да се врати назад, да му рече на чаушот дека ништо нема, ама овој ја забележа неговата забуна, се стрчна со навртена пушка пред себе и го виде ранетото момче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Татко го забележа неговиот немир, но не ги побара причините за тоа, туку остави да се искаже неговиот натажен пријател: Пријателе мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Никако да се излезе на крај со овие проклети источни заемки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко не можеше да претпостави што забележува неговиот пријател: дали стари заемки на видените предмети или коментари за нив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој најдолго запре пред излогот на еден филигрански дуќан целиот со најразлични сребрени, чудесно изработени филиграни како: раскрилени пеперутки, богат накит во различни облици, прстени, бразлетни, обетки, ѓердани, накитени кубури.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дури тогаш ја забележав неговата несовладлива желба да биде над мене. Се извлеков некако.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Го забележав неговиот израз на лицето, знаев дека е среќен што ме гледа. Постојано ме снимаше со апаратот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Рада прва го забележа неговото возбудување и збунетост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Прво го забележа неговото одење нога за нога, некако на чекорум, со бечвите малку како паднати, со шајачното палто со ракавот наврен само на едната, левата рака, додека преку десната рака палтото му беше само префрлено преку рамо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во Солун тој нарочно поминал покрај берберницата на Пингов (полицаецот што го водел не го познавал градот) да не би случајно да го забележат неговите другари.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Изгледа таа го забележала неговото присуство. Тоа е јасно за него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Идеше бавно, не ни погледнувајќи во него, пречекори уште десетина пати, без и да го забележи неговото застанување, а еднаш, кога се доближи толку многу што тоа му заприлега на некој вид самоубиствена решеност на сѐ, волкот се стаписа и тој миг отскокна назадечки, како попарен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А потоа ја спомна и сликата што најдоцна за ден-два ќе сум ја видел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Потоа уследи и средбата со Боге од Бањи, со сите оние инфорамации за мерките што ќе бидат преземени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ова последно испитување се случуваше денес. Или ако сакате, во денот што измина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира уследи и она негово смеење, но притоа беше очигледно дека Боге од Бањи се трудеше Даскалов да не го забележи неговото присуство а уште помалку да ги слушне советите што ми ги дава.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Татко ми скришум се насмевна. Само ние децата можевме да ја забележиме неговата насмевка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Луѓето (и ова го има забележано неговата рака) смеат да горат како полски булки секогаш кога ќе им се приближи убавината. (Не е грев пофалбата на возбудата да го користи повторувањето за да може да се доживува до последен здив).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мајка ја забележа неговата возбуда и веднаш продолжи: – Пукотниците беа запрени за кусо време.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Го фаќа него, ваше превосходство и знаете, заспива тој, веќе од април е овде и одеднаш: „Јас би живеел!“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Малку е здодевно, сепак”, забележа неговото превосходство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)