Библиотекарот Филип Филиповски скока, мавта со раце во воздух, ги брани ретките книги од наездата, но попусто: сите книги се уништени, дури и уникатите, без страници во црните стари корици.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Влетуваат низ отворениот прозорец на библиотеката, се нафрлуваат врз книгите по полиците и ги подјадуваат; грицкаат со малите, остри невидливи запчиња и сосем ги покриваат книгите со телцата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На 2 февруари 1962 година, во кафеаната “Балкан” библиотекарот на Филозофскиот факултет Филип Филиповски му раскажуваше на еден свој пријател каков сон сонил: седи тој во библиотеката, лето е, доцна попладне, си пивнува ракија и го чита Прличев; во еден момент, низ отворениот прозорец забележува рој скакулци: ситни се, разнобојни - зелени, кафени, црни.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)