забележи (гл.) - тој (зам.)

Покрај доминантната црна, Џарман најмногу употребува црвена и златна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што е важно е процесот, сакам луѓето да го забележат тој процес, поради што и ги чувам своите слики”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Џарман сликите ги изработува брзо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што забележа тој за заводливата енигматичност на “Triumph of Virtue” на Мантења - “Сите најинтересни осликувања на алегоријата имаат вишок на самопрепорачување...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И нејзините стапала како да се рашириле, забележа тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трагедијата, забележа тој, му припаѓа на старото време, на едно време во кое сѐ уште имаше приватност, љубов и пријателство и кога членовите на едно семејство се поддржуваа меѓу себе без потреба да ја знаат причината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На пример, тој не бил против науката, како што тврделе некои.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
“Науката обезбедува фасцинантни приказни за универзумот”, забележува тој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Еве како новинарот на “Солунски Дневник“ го забележал тој момент: “Осудените го ислушаа објавувањето на пресудата со возбудување.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А нему му е потребно сега да си влезе во магазинот без да го забележи тој тамо. И тоа е сега негова грижа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Забележа тој дека Тодора си ги сака иконите, си пали редовно кандило, си оди в црква како да е самата дома топол леб, не жива сода, за секој адет се договара со попот и ревносно ги потсетува домашните и комшиите на празниците што идат, па реши да удри на тој тапан, белки и господ ќе му помогне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Можеби лошите песни најдобро го потврдуваат тоа - забележа тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не познавам никого кој би можел да ми објасни по кои патишта доаѓа ноќта - забележа тој кога се врати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа мала просторија, толку обична и толку набиена, забележува тој со некое меланхолично задоволство, овој лифт ги има во себе сите: простор, време, причина, движење, величина, класа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)