жртвува (гл.) - свој (прид.)

Воопшто немам намера како монасите или калуѓерките да му го жртвувам своето либидо на бога, може да е токму тоа она светото во нас што треба на вистински начин да го продуховиме...
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Како вистински јаничар тој беше во состојба да ја жртвува својата мала татковина и својот идентитет на Грузинец за идеолошката татковина на советскиот комунизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сигурно е дека е тешко да се бориш против решителноста на луѓето што решиле да го жртвуваат својот живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Градот ја имал судбината да стане крстопат на многу­бројни генерации од сите континенти, од сите раси, од сите големи религии, од бројни народи, готови да ги жртвуваат своите животи за една кауза која, всушност, им била далечна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Слично на оваа ситуација, два организма можат да имаат полза од соработка а сепак еден од нив да стекне поголема полза ако успее да ги добие ресурсите на другиот без да ги жртвува своите. okno.mk 85 Ако адаптивните елементи многу пати се соочуваат со ситуација што наликува на Дилемата на Затворениците, тие ќе развијат стратегии кои ќе вклучуваат и борба и соработка.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие културни парталчиња и крпеници мораат меѓусебно да си одговараат, тие мораат да раскажуваат некоја приказна и да изведуваат некој наратив кој оддава смисла, кој е веродостоен и кохерентен, и кој ги придвижува луѓето до онаа точка кога тие се спремни да ги жртвуваат своите животи за него.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Дали Орце, кој и без тоа решил да го жртвува својот живот, го направил просто невозможното - се обидел да го спаси, и го спасил, семејството на директорот на Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)