жртвува (гл.) - живот (имн.)

А сепак, истовремено, тие се сомилосни, понизни, праведни и можат несебично да љубат, да проштаваат и да дадат сè, дури и да го жртвуваат животот за нештата во кои веруваат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Јас сина да видам - ќе жртвувам живот, копнејќи; сили со радост ќе зберам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А и откако ме исклучија од сиџилите во Државниот архив, кои ги открив и на кои им го жртвував животот, и шеќерот сѐ повеќе ми го згорчува животот, работите се јасни... – продолжи Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никако не му идеше в глава толкава упорност и пожртвуваност, тврдоглавост, како што си велеше самиот во себе. Не можеше да си го објасни фанатизмот на овие луѓе што ги жртвуваа животите заради своите души; заради верата и слободата што ги бранеа по цената на животите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имено, во име на апстрактната „флексибилност на пазарот“ реално се жртвувани животите и благосостојбата на илјадници живи луѓе – па нашиот сон за бизнис рај, се претвори во работнички пекол!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)