живее (гл.) - убаво (прил.)

Кај нас во Македонија, беа наопаку превртени работите: Тие што се вредни и работат, се сиромашни, затоа што се малку платени за вложениот труд од утро до вечер, а тие што се мрзливи се богати затоа што живеат убаво од експлоатацијата на чесниот работник...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
-Не реков дека не живееш убаво. Ти живуркаш, не го чувствуваш вистински животот – рече старецот. – Многумина од луѓето така го минуваат животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Жално е како сите посакуваме да избегаме од овде. Божем не се живеело убаво.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имав дечко со кого живеев во стан, ме запишаа на факултет кој го платија неговите родители само за да учиме заедно, така што беше на повидок да ме вработат на многу фина работа за која сонуваа повеќето битолчанки и со која плата ќе живеев убаво и ќе си го плаќав факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)