е (гл.) - убаво (прил.)

Никогаш не се сложивме околу сортата на кучето. (Порано зборувавме дека е убаво да имаме дете, а сега сака да купиме куче?) - Па добро, повеќе не ми е толку битна расата на кучето.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога завршивме осмо одделение, за мала матура организиравме екскурзија околу Балатон (тоа е единственото езеро во Унгарија и многу е убаво!).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Што е убаво, мајчице, - се чуди детето и долго се загледува, сакајќи да ја сфати секоја подробност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Лицата ни се скиселија. - Учителка, не е убаво овдека, тесно е.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Многу ми е убаво кога ја слушам мама, кога ми зборува такви интересни работи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ма-мо, многу е убаво!“ извика Ташко. „Мно-гу е у-ба-во!“ извикавме сите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Многу ѝ е убаво со ќерката, зетот и сваќата. Ја прошетале кај сите сватовштини, ама таа таму седи, ваму нѐ мисли.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш во Пионерскиот дом почнавме да се подготвуваме за Првомајската парада и веќе знаевме дека не е убаво да се лаже ни за први април оти тој што лаже и краде и цел живот ќе има вошки и ќе носи ѕиври.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Така тој мачкаше платна што не се продаваа како слики, а таа ја крпеше живеачката што се кинеше токму кога мислеа дека им е убаво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само да е убаво времето, па да се искачиме на Гола Глава, па овците да пасат околу нас, да треперат ѕвончињата, а небото да биде сино и мило, само некое орле да се гледа во височините, па да седиме и јас да ти ги покажувам далечните планини, Пирин се гледа оттука, и Рила се гледа на север, Беласица можеш да ја видиш, и сѐ се гледа, и од некаде ветре долетува и носи миризби од некоја далечна гора, од некој нестопен снег, па ти е мило, па ти се сака да ги рашириш рацете и да леташ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ДЕПА: Господ да те насити. Велат и со сила не е убаво...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Господ што е убаво нека даде, тој да ни ги ујдиса работите, во рацете негови да оставиме. (Сите ги испиваат ракиите и стануваат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Што е убаво! - му се радуваше Милка и пак си замислуваше како сите ќе ѝ завидуваат на убавото маче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Дојди, ќе ти ги покажам бавчите. Надвор е убаво.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Ми се допаѓа моето ново презиме. Рози Адам.“ „Многу е убаво.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Борбата на Дишан за идеите „против“ уметноста го забрза појавувањето на Дада, го поттикна надреализмот и ѝ го покажа патот на авангардата во 70-тите години, од објективната уметност до поп-артот (Енди Ворхол: „Сѐ е убаво“), од минималистичката уметност до концептуалната. 10 год. по првиот Ready-made, Марсел Дишан повторно потпишува едно дело со карактер на манифест.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со еден револуционерен гест, Дишан јасно покажа дека сѐ, буквално сѐ, може да биде уметност. Дека таа доаѓа од свеста, а не од својствата на делото. Подоцна тој ќе напише: „Бидејќи и самите туби за бои, кои уметниците ги користат се производ на Ready-made“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На моменти си мислев дека тоа не е убаво од мене и дека, можеби, жената е многу добра и не заслужува јас да ја избегнувам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Трча главниот лик во романот на Грум, трча постојано, потсетувајќи ги читателите дека ич не е убаво да си идиот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Веднаш царот ја прегнал својата кочија и кинисал по царството да го бара својот вистински син.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Децата растеле. Царевиот син, кој бил со чергарите чувал говеда и постојано се качувал на еден висок камен и си зборувал: „Колку е убаво ова поле да се води војна на него.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повеќето од прашаните одговарале дека сакаат полна кола со златници или пак ја барале златната царева кола.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Без многу да размислува, говедарчето рекло: - Не сакам големо богатство, туку толкаво, колку што изнесува еден дожд во април и два дожда во месец мај!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Е, што е убаво коњи да се потковуваат!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И на задојувањето ѝ кладов сито на главата за да е сито детето, и книга ѝ кладов за да учи, а кај ќе учи кутрото дете, ама така останало, и ѝ кладов црвено јаболко за да е убаво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го погледнувам јас: здрав е, сѐ има на него и сѐ му е убаво. 24
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На човек му е убаво кога не го пушта работата, велам јас, кога не му дава да мисли на лошо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ му е убаво, а на убавото сами очите ти бегаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што? Ти сакаш девојка една. Тоа е убаво. Само мал си, уште на носот ти се фаќа роса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таа помисли колку е убаво да си дел од вечноста во вишен слободен лет. Колку е убаво и да не си сама.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можното изостанување на естетската реакција на рекламата се контролира со строги и недвосмислени слогани: „Тоа е убаво“ (This is beautiful!) Но како е со другите емоционални реакции?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сѐ што е претерано, не е убаво.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Многу е убаво да можеш и да знаеш да сакаш. Да ги сакаш нештата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како закован тука седев со часови, о боже, како не ме изгоре сонцето (не знаев дека не е убаво да се стои толку многу на сонце).
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, штом го сместив во прегибот на левата рака, галејќи го со дланката на десната, со која целото можев да го поклопам, мачето се смири, се скроти така што, мислиш вели: Мене овде ми е убаво!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па и сега, во некој дел од минута, можам да го осетам. А се срамиш ако видиш дека ти е убаво.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Толку ни стига чергата — толку ќе си и пушчиме нозите. Нека е аирлија саатот, сѐ е убаво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Mope, ами и време му е да е убаво, Боле, — одговори Доста, тресејќи некои од пелените на Нешка, кои требаше до утре да бидат готови ако сака да излезе со бел образ на сретсело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Така е убаво, да се сакаш, а да не се гледаш, да не се задеваш со него, — ја учеше мајка ѝ кога разбра од Тода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина е убаво - ја крена чашата и наздрави. Кметот и учителот му отпоздравија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не, Борко не претеруваше. Паметам само дека реков: колку е убаво кога мирисот од чинијата ќе го надвладее мирисот на денот. И додадов: Извини!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- О, колку е убаво, колку е тивко - шепотеше таа, триејќи си ги местата што пред малку ѝ беа стегнати со ремените. - О, колку е тивко и убаво!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На минување го забележа Мартина како на сон нешто се смешка толку мило чиниш сѐ во животот е убаво како песна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И тоа е убаво за нас, но здодевно е, треба да се признае. Друго... друго што има?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сѐ уште држејќи ја кваката, со блажена насмевка ги затвори очите и си помисли, како нема некој пријател, сега да му се јави и да му каже колку му е убаво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— А што е убаво кај мене, вели, ако спиеш на трошки леб, неубаво се сонува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку да ми е убаво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Недоквакана работа, ама пак е убаво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и времето е убаво, цел ден ѓупчиња се прскаат во реката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некоја лигава влага ти се фаќа за косата, за облеката, ама пак ти е убаво. 9.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седиме така и зборуваме за штогоде, ама тогаш за сѐ ти е убаво да зборуваш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нели е убаво ова, кажи!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Колку е убаво... - си мисли. И мислата, гонејќи мисла - повторува - колку е топло, колку е тивко...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За прв пат откако дојде во бригадата, Мече усети колку е убаво тука наутро кога првите зраци на сонцето ќе паднат над разбудениот младински логор, што се капеше во утринската светлина и веселост.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тоа е убаво и потребно. Тоа е заслужено признание.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Парите можат да се потрошат и тогаш кога за тоа не постои некоја голема потреба, а тоа не е убаво, Парите можат да се чуваат, да се штедат, како што велиме, а кога ќе се присоберат повеќе и кога ќе ни се укаже прилика со нив да се купи нешто значајно, да се сврши некоја важна работа, а тоа е убаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Со повеќе пари в џеб можете да се правите важни, да го кревате носот, а тоа не е убаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Прекрасни петнаесет дена! Дома како дома: свој кревет, своја соба, сѐ на свое место, не попусто се вели, секаде е убаво, ама како дома- никаде. Најубаво е дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеш да се прскаш со црево ако баш запече, можеш да си играш со Бак, големото куче болчјак, можеш дури и да исчезнеш некаде низ собите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пријатно е во нивната куќа. Голема е, дворот е убаво уреден, над терасата има лозница и сенката е дебела, па не е жешко како кај нас дома во станот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Единствено брат ми недостасуваше. Влегов во неговата соба: пустош.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тоа не е убаво, - ѝ велам, зашто не знам што друго да и одговорам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А зошто мислиш дека ми е убаво? - рече човекот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кажи, нели е убаво? - Убаво е, - се согласи човекот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Земам едно цветче в рака, го гледам и најпосле велам: - Па зар не е убаво ова име?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Сѐ што е убаво, есента го зема, - тихо си шепоти Билјана. - Трендафилите,овенаа, кајсијата е гола. Сега и црешната оголува. Да, сѐ е оголено.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ама зошто? Па тоа е убаво! - Не знам, - вели таа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ехе, што е убаво! - слатко се проѕевна едното. - Како да сме вистински дома! - со тивка тага одговори другото, кое можеби се потсеќаваше на својот, по којзнае која причина изгубен дом.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)