А најдобри се со понадиците: „Лубеница во зима, на деветти кат, во зграда во која ’ѕвездите’ не плаќаат за одржување, па, засега, само лифтот не работи. И, малку е темно.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Морето од мириси е темно и опасно. Стравотен бран секој здив ти го следи.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тивко е темно сред класјето во полето и осамотеноста боли Барем вечерва, вечерва слезете долу развеселете ме Зошто не би дошол тој сам во собата нам ни е долу страв Ноќта е темна ноќта е густа нам ни е долу страв
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Се менува само небото. Некогаш е сино, со птици во височината, некогаш е темно, натоварено со облаци.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И како во сите добри пародии - критичарите и кураторите ме прогласија за шарлатан, а малограѓанските колекционери се жалеа како моите слики не го одразуваат македонското поднебје кое е сончево и светло, а она што јас сум го изложил е темно и депресивно.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сѐ е темно и позаспано, само излогот на Сотка плиска на земи преку улица жолта светлина.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Дедо, малите се прва смена. Ние сме втора - кога завршуваме веќе е темно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)