Тој рече дека морам да ја слушнам таа музика; тие се всушност само бледа слика на вистинската, преподобна музика; рече и дека сега му е смешно што го бранел џезот пред народната музика, и дека сето она што го напишал во есејот била чиста глупост; рече дека постои само една музика, и дека задолжително морам да ја слушнам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Имаше нешто перверзно во тој нивен однос: тој да мора да ја засмејува, сосема неинвентивно, а таа да мора да покажува дека ѝ е смешно затоа што тоа се очекува од неа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ти реков ли дека сум практичен и дека тоа ми е смешно?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го прашав во себе што му е смешно.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
По неа и втора, сега поблизу до пишпирк и Барбут- бег, и тие легнаа на земја.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не е смешно, му велиш, но не е и сериозно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А што ти е смешно тебе, ѝ велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Што ти е смешно, ми вели и се кикоти.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ти иде за смеење, а тој те прашува што е смешно.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Не, нормално е. Вечерва порано да легнеш“, вели „да бидеш наспан“, се смее. „Што е смешно, мамо? “ запрашувам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Да не се разболиш па утре да не можеш да одиш на прошетка до Сарај“...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Мама ми го допира челото со мила нежна дланка.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не знам што е смешно во моите одговори“, рече татко ти и тогаш дури за првпат ја крена високо главата а судијата, оној, господин Предановиќ, со големи бакембарди и црна измазнета коса, за која сите говореа дека ја светнува чистачот на чевли на Корзото, само се накашла и ништо не рече.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И го докусури, непрокопсаник. За мои пари.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А мене не ми е смешно. Стојам и ги бројам парите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Што е смешно, велам, кажете и ние да се насмееме. - То није играње веќ ’рвање, вели капетан Мирковиќ. 141
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сега и овој е упропастен.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Е многу е смешно. Би сакала да ѝ го смачкам тој пилешки мозок.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Провери го каменот, пред да ја отклучиш вратата проверуваш да нема скршени прозорци и си го чуваш пиштолот во фиоката покрај креветот. ќе му кажам да ми даде уште една шанса.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Денеска не беше баш добро, но утре ќе биде друга приказна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)