е (гл.) - слатко (прил.)

Рано е отелена, а изгледа теленцето е слатко, не може да а повлада, — се јавува Никола Косов, еден од многуте мераклии на убаво винце, поубава ракиичка и најубави невести, иако веќе стар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Малку црногалесто е, токо и грозјето е црно, ама е слатко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вели: - Види, види само паѓа в уста, како крушка, како бонбонче, море како локум со ореви... Ам, ам, бре, што е слатко...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не разбрал колку е слатко јадењето кога си гладен.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ ни е слатко, со главата в казан ќе влеземе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врати се, врати се во огништето старо в родината мила, таму сѐ е слатко таму љубов плени... Ех, спомени, спомени, спомени за минатото...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Не сум гладен“, ја одбив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ама земи“, настојуваше Елена, „не е за гладост! Нели сме другари?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не ми е слатко кога јадам сама.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Прекумерност Ѓаволот во нас рески рецки реди замерки клава: лебот крцка маслото масти езерото е слатко морето солено...!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)