Кога го стори тоа, иако многу добро знаеше колку е опасно да покажува премногу интересирање, тој не можеше да се воздржи да не го прочита уште еднаш, колку да се увери дека зборовите навистина беа таму.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа е дете на ѓаволот, со ангелско лице. Имајте на ум дека сè што ве привлекува, е опасно.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Ако нешто е опасно, прв ќе страдаш ти! Ајде, оди напред!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Овде е опасно да се престојува! - пак се јави колебање кај инженер Александар. - Треба да си одиме.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секаде е опасно, што се вели, оти сѐ и секаде е негово.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Штом не знаете точно, знаете неточно. Тоа е опасно.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А потоа и самиот се запрашав: „Дали навистина не е опасно ако некој си вообрази дека може да го одредува текот на нашите размисли и со помош на оваа своја способност да донесува заклучоци за нашите намери“?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Незнаењето е опасно по човекот, а знаењето е посилно од сите војски – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Она што е еднаш пожелно, другпат е опасно.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ама ова тропање може да е опасно, си мислам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)