е (гл.) - одамна (прил.)

Татко ми е одамна починат (почина по два месеца откако заминав, затоа што не можеше да се соочи со тоа дека син му е циркузант), мајка ми почива до него од пред некоја година, а брат ми е сметководител во една мала фирма, неженет, и сосема пристојно заработува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ха“, се исмеа Тодора, „ами, тебе ти е одамна развиделено, ама ти уште дремеш и сонуваш, мажу!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
2. Дрвото посадено на денот на моето раѓање е одамна исечено.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Музиката е одамна стивната. Од сето музицирање над Леденото Езеро останало само штрбавото свржење на ветерот кој од потта што извираше на лицата, беше си почнал да навезува бел превез.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој е одамна секидневен посетител на берберницата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Чекај, Андреја! Не бре брате! Човекот е одамна нашеран во умот, скаран со ушите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)