Ако е кабил да ме земете со вас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Што тамо видех и слушах, о чедо Григорие, не е кабил да ти искажам едно по едно, и не е возможно да се искаже.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Ристе ја постави молбата. Суло го има чеканот за дамка, а Ристе десетина товари штици недамкосани, та „ако е кабил“ да дојде утре Сулоага да ја удри дамката да не ги носи Ристе на каракулот и да не плати кочан.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Толе прв изјави желба „да е кабил уште ноќеска да тргне".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Чунки сам знаеш ти стрико; те молам, стрико, ако е кабил, кажи ми како ти е името? ( „Името ми е, Силјане, му рекол домаќинот, Аџи Кљак-кљак, внучко!“)
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ако е кабил, нешчо да дада, а за кусурот да ме причекате.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тиии! За пуста сермиа да е кабил и децата да си и продадат воа векот, мили боже, мили!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)