е (гл.) - главно (прил.)

А за тоа е главно заслужен вашиот ценет татко, господин Херцог.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се надеваме дека оваа јуристичка анализа изразена преку критичкиот осврт на трудово-правната легислатива на Република Македонија ќе претставува релевантна референца не само за работниците, кон кои е главно наменета, како подобро и поподробно би се запознале со своите права, туку и на синдикатите, катедрите по трудово право на универзитетите, невладините актери, пошироката јавност и сите оние кои имаат интерес за оваа проблематика.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Она што е главно не го сфаќа. Неговата свест забележува нешто неважно, споредено, нешто што нема ни боја, ни линија, ни мирис.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)