1 Планината е далеку никој толку не отскитал црн брег со два рога на патот нејзин стои, Одовде само облакот е близу и молњите и ѕвездите ноќе кога паѓаат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ете, Митровден е близу, да собереме шо дал господ, па имаме и три куќи, сакате излезете вие, сакате да излеза јас, да не нѐ носат светот отпазар — напазар, — рече Стојо со тага на душата и длабоко се издиши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Треба да чекате некој младич кој на масата пред вас ќе стави еден неизрежан клуч.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И уште шеесет сантиметри потоа остануваат.. . па тој е близу, сосема близу.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сепак, најексклузивни објекти во овој дел на Берлин се Градскиот хотел, кој се извишува со своите 37 ката на повеќе од 120 метри височина и кулата „Фернзехтрум“, која е близу дваипол пати повисока од хотелот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
4. Првата следна среда треба да отидете во градината на кафеаната која е најблизу до соборната црква во вашиот град (овде, во Белград, тоа би било во улицата Крал Петар број 6, во градината на кафеаната Знак прашалник).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сакаме на каналот, па не знаеме откај се оди, - одговори бргу Беличот. – Чичо, да не знаеш да ли одовде е поблизу?
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Не знам како се сврте Велко назад, го видело штркот оти е близу деда си си му свикало: „Дедо, дедо, опули се зад тебе, ете го нашиот штрк.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)