е (гл.) - арно (прил.)

Еден од нив звучеше резервирано небаре за лошо му се јавиле, а кога го прашаа дали слави рече: „Детето не ми е арно, до ништо не ми е“.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
На чорбаџиите им е арно, сиромаштијата спие и ете ти бездејство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред зори, кога Деницата веќе искочи над Перун неколку остени, стигнаа на „Висока“ и беловодичани предложија тука да се денува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Многу е арно тоа, ќе ми рече. - Е ајде тогаш јас и вие да си бидеме заедно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ацо, постариот сопатник, кој во селото оставил големо семејство, додека го ставаше преостанатото јадење од појадокот во торбите и кутиите, сепак малку подзастана и, некако повеќе за себе, рече: „Зар мислиш дека ми е арно таму каде што сум?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А кај вас, има ли некого кај вас, пријатели?“ „Но ние нешто чувме“ , се заплеткаа недораснати да му бидат рамни. „Мислевме - не ви е арно.“ „Не ми е арно“ , им рече. „Мизерна ноќна осаменост и ситна болничка надокнада во превивка и јод.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Мислевме не ви е арно.“ „Можеби и не ми е арно. Сепак јас ништо не чув“ , уморно ги дочека. „Поправо јас ноќе никогаш ништо не слушам. Месечар сум.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа потреба е особено силна кога не ни е арно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако ѝ рече да си оди, таа ќе се врати, зашто и Амдие, Разие и Селвие трчаа по неа да ја прашаат што да прават со сланутокот, или дали е арно ралата, плуговите, дрвените лопати за веење, вилите, греблата и срповите да стојат на истите места како и порано.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во дуќанот, мисли, не ќе е арно да отвори разговор за Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А штом ќе помине времето што си погоден со компанијата, се разбира ако не ти е арно таму, ќе му пишеш да те земе кај него. Разбираш?...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ова е арно- дај го ваму!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
СТАРОСВАТОТ: (зима чаша со вино). Ај, како е арно!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас умеам да познавам и да ценам што е лошо, а што е арно. Ова е лошо - фрли го!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со вас нека му е арно, за мене не берете гајле.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не е арно во животот да се лулеат како празни кајчиња и не е арно ако не сонуваат кога спијат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Со воздишки одговараат на неразбирливите прашања од бебулињата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тие добро го познаваа балканскиот менталитет во кој беше всаден синдромот на самоуништувањето, на проклетството, кога му е арно на човекот и на народот со козите, да му умре козата на соседот без длабоки, суштински причини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гласно си се смеам: ако, никој не те гледа! Како ти е арно, така ќе правиш!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Едно е арно дека нема кому да му потураш, кому да му миеш нозе и да му гувееш кога ќе вечера, а трипати е полошо оти нема кој да се опсени околу тебе, да ти покаже, да те поучи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)