е (гл.) - чист (прид.)

Тоа бил еден од последните настапи на Арто и бил наменет за соочување со сопствениот фантазам на едно дисартикулирано, обдуцирано тело, тело како точка на преместување, подвојување и непрекината флуидност, коешто е чиста присутност и тело без органи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бидејќи она што го гледаме на сцената сигурно не е чист егзибиционизам или перверзија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако некому може да му попречи дословноста на постапките на театарската дружина на Атхеѕ (нема никакво фингирање, дури и клистирањето или употребата на вибратор со две глави се изведуваат автентично), не треба да се заборават поттиците и причините што Атхеѕ го наведуваат да создава таков вид уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Арто за таа тн. книжевна вечер се подготвувал мошне сериозно и прикажал агонија на човек што умира од чума, човек што е измачуван, а патем врескал и делирично извикувал, играјќи ја сопствената смрт и распнувањето на крст.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа и му одговара да пишува дека божем не постои една вистина, или дека вистината не е чиста, дека обидот за чист план се извлекувал, дека таквиот план, под чудни (чудни!) околности, се уривал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Софијанци имаат обичај да се пофалат дека нивниот град е чист, уреден и, меѓу другото, прават сѐ за да го разубават. Но, секогаш не е така.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашто, некој прадедо, пред педесетина години, тој бил производител и трговец на розово масло, враќајќи се дома, пеплосан сиот од бес, застанал пред прагот на собата и со сета сила го фрлил среде посланиот килим шишенцето со розово масло и извикал: - Та мене ли ќе ми кажат дека тоа не е чисто масло!...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш реков: „Во ред, менуваме”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многу е полесно да се чита кога листот хартија е чист.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- А во градовите не им е чист, а? - Па не им е.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ако дозволиш“, рече, „ова ќе го умножам. И ќе им го поделам на сите наши ученици, за да видат што е чиста љубов и чиста уметност“, рече, подбивајќи се.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-Најдобриот начин е токму медитацијата: кога човекот медитира, сигурно се пренесува до примателот, брановите се смирени, патот е чист.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Политиката е чиста математика – плус и минус, множено и делено, ти давам – ми даваш, ти барам – ми бараш, на крајот победува оној што знае што сака, па бара најмногу, а дава најмалку, особено ако е посилен од другиот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Многупати сум бил сведок на челни луѓе (и на аспиранти за челна позиција) во театарот, како и на актери, режисери и други кои, благодарејќи на вроден недостаток, не можат да кажат кога жанрот е чист, а кога е меланж.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За гледање на ваков коњ потребни се многу работи, потребно е чиста пченица, а јас зашто за една година изгубив тројца ваши луѓе, за загубата ви го одземам коњов.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Совеста ми е чиста. Се фатив со Крумета Волнаровски откако тој се разведе со Роза.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ѝ напомнав каде се наоѓаме и дека на ова место не прилега да се изведуваат егзибиции.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не си сам кога си сам. Сам си кога не си во конакот, оти во меѓувреме келиите се изѕидале ко сотки една до друга; - многу нешта ти се растајнуваат од што душата ти е чиста, од што толкуваш со вера и љубиш со вера… ……………………………….
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се прашувам колку долго оваа фикција може да проживее без своите други два столба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што остана во националната држава е чистата политичка власт која веќе ја нема потпората на економскиот менаџмент и културната хегемонија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Навечер дома седнуваше уште понастрана од него и уште построго го гледаше прашувајќи се дали на деда работата му е чиста или навистина, како што велат селаните, не му е.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Резултат од нашите секојдневни еко - активности е чисто училиште и училишен двор, украсен со зеленило и цвеќе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А можеш да бидеш толку нечист и валкан, што околу тебе ројови муви да се збираат, ама пушката да ти е чиста! Разбра или не?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да беше жива мајка ѝ сигурно ќе го потврдеше тоа, меѓутоа и самата знае дека Пеличка е чиста нејзина копија освен што е заробен небото од очите на силникот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не е чиста работата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Јас не можам да судам за други партии, вели Апостол Макаровски, иако сметам дека она што ѝ се припишува на југословенската партија е чиста клевета.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)