Гласот е црн повит со корен во некој гроб.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Среде зима сме, а земјава уште е црна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секој збор им бил ко боцкав трн. Без заби се апеле, без раце се давеле...
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Малку и се карале, со извици срца си парале: „Снегот е бел!“ „Не, снегот е црн!“
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Речиси и околината од нив е црна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бездруго треварите Никола Влашки и Пандил Димулев му ја натопиле сета облека од безбојни крпи со густ шарлаган од сончоглед, од кикирики и од афионово семе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Знаев дека пликовите на неговата изгорена кожа се како наголемени рибји очи и верував, тогаш, дека под нив месото е црно и црвено, недојагленосано но не и со толку крв како пред тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Малку изгледа натажено, или пресериозно. Облеката ѝ е црна, мрачна.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
На врвот е црн. Од средината надолу - црвен.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)