е (гл.) - сериозен (прид.)

Доста е сериозен, па затоа учителот можеби токму него го определи да ја има таа чест.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Копулацијата е сериозна работа, без резултат. Освен болеста, и тагата.”
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Маниризмот си игра токму тогаш кога душата му е смртно сериозна, а класичарот е сериозен и кога се подготвува за игра.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како што може да покаже секое теренско истражување, кршењето на работничките права во Република Македонија е сериозен проблем кој значително го влошува животниот стандард и човечкото достоинство на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И треба да се знае: ерген и мома залагаа ли да си даваат и земаат, тоа е сериозна работа. Тука веќе нема назад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)