е (гл.) - себичен (прид.)

Кому сега да му го подарам паричникот што му го купив да си ги става парите внатре, наместо да ги крие под душекот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку е себичен човекот, господе, и болката своја не ја дава секому.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се чинеше дека е себична, а таа беше само дете, израсната по сиротопиталишта, без некои посебни манири, но не и проста.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
А и господ е себичен, штом не те искарува, штом не те поучува, туку те остава така сам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Баш е себичен! И бездушен!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Море колку многу е себичен човекот, си мислам, колку брзо заборава на своите домашни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Земјата е себична. Земјата ништо не пушта далеку од себе, себичноста и е присутна во сите физички тела – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)