- Пушти го, жено! Тој е свој човек и немој ти да му го солиш паметот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Најлесно е своите ближни да ги осудуваш. Да покажуваш со прст кон нивните слабости.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Нема да згреши ако заклучи дека најмногу е своја во оваа просторија. Можеби и заради таванот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Човекот треба да го сфатиш. А за да го сфатиш треба да откриеш каде извира и од каде истекува неговата убавина а од каде она другоно, грдоста?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)