Синдикатот е самостојна, демократска и независна организација на работниците во која доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Концентрација настанува со промена на контролата на долгорочна основа, а како резултат на: 1) спојување на две или повеќе претходно независни претпријатија или делови од претпријатија; или 2) стекнување на директна или индиректна контрола на целото или делови од едно или повеќе други претпријатија од: – едно или повеќе лица кои веќе контролираат најмалку едно претпријатие или – едно или повеќе претпријатија, преку купување на ХОВ или имот, со договор или на друг начин пропишан со закон (чл. 12, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Комисијата за заштита на конкуренцијата е самостоен државен орган со својство на правно лице [со седиште во Скопје].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)