Устата пак ми е преполна со младо сирење набабрени јаболка и зрели црешни и пак ми се чини дека на стариот стрвник сепак му недостасува последниот залак.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Човечката љубопитност на келнското сајмиште останува докрај заситена исцрпена од она што како мебел и се презентира да го види, зашто овој саем е преполн со ексклузивитети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не би раскажувал овде за момументалноста на нашироката и најграндиозна авенија - „Елисејските Полиња“, која е преполна со луѓе во било кое време на денот и ноќта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Животот е преполн со таги, пожртвуваност, загуби, но постојат силни луѓе кои никогаш не се обѕирнуваат на опасноста, можеби се прогонети но и покрај огромната болка достоинството сѐ уште им е неоштетено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А и воопшто, Македонија е преполна со птичји презимиња. Пауновски, Солоковски, Гулабовски, Штрковски, Чавковски, Мисирковски, Петлевски.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И така, појдовме да го видиме каменот. Салата во која е изложен тој славен камен, е преполна со луѓе.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Се однесува небаре да е преполна со среќа, уморена од обилен живот, па сака и мене малку да ми оттури, да ми отстапи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Салата во која е изложен тој славен камен, е преполна со луѓе.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)