- Не знам кој би можел да ти помогне? – реков. – Разборитоста не ми е подобрата страна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Дарванската вода е подобра за пиење, ама сега, кога ја нема неа, и оваа ќе ја фалиме. Господ на помош.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Сметав на тебе – ме потсети на она на што требаше самиот да се сетам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Упаднав утрово во сред муабет на две баби во автобусот бр. 5, на добро разработена тема, и со внимание ја проследив сета дискусија која се разви на половина автобус, на горната платформа и сите здушно учествуваа во правењето на сармата, од тоа дали е поубава од лански лист чуван во сол и вода или е подобар свежо набран од „еколошки“ двор во Карпош кај баба Нада, која лозниците никако не ги прска дури не накалапи 30 пакетчиња.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Целиот наш образовен систем одеше и оди кон тоа да фабрикува души подобни само да слушаат, да фабрикува човечки материјал според принципот: толку е подобар колку што е полош.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- Леонид: Гордост е да се учителствува тоа е убава и чесна задача, но јас ќе бидам негов воспитувач и водич: Ќе го сторам најмудар и најсмел, затоа што смелиот е подобар во сѐ.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Ѓеро вели дека бакрданикот е подобар со сало, а Гоше - со козја маст.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дека изборот за човештвото лежи меѓу слободата и среќата и дека, за огромниот дел од човештвото, среќата е подобра.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)