Салиери не е ниска душа: потребна е гордост, не за да му се биде љубоморен на Моцарт, туку за да се предизвика и да се праша Господ: без да се залажуваме, зошто не сум Моцарт?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но, кога го видела колку е низок и малечок нејзиниот свршеник а таа висока и јадра, си рекла – сепак, сполај му на Господ, тоа ми била среќата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)