е (гл.) - нејасен (прид.)

За Македонците, згутавени во беда и неизвесност, по плитарски и каменоѕидни куќи скоро без прозорци или по зандани, едни, а други собрани во секакви војски, иднината е нејасна, повеќе матна и разбуричкана отколку привлечна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Дадаизмот, пишува Жорж Иње (Georges Hugnet), е нејасен: се сомнева во сѐ и не се сомнева во ништо, како да не разбира дека му ја задушуваат смеата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога податоците на вештаците за нивниот наод не се сложуваат суштествено, или ако наодот на еден или на повеќе вештаци е нејасен, нецелосен или во противречност самиот со себеси или со испитаните околности, а тие недостатоци не можат да се отстранат со повторно сослушување на вештаците, судот може да определи супер вештачење... (чл. 246, ст.2sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вештакот има право на надоместок на патните трошоци и на трошоците за исхрана и ноќевање, на надоместок на загубената заработка и на трошоци за вештачење, како и право на награда за извршеното вештачење (чл. 241, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)