е (гл.) - немирен (прид.)

Шлапка коњот во водата, а водата само се поткрева, и таа е немирна, збркана, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми вели: Јадам повеќе, а сонот ми е немирен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сепак, се теши растревожениот поет, храброста е немирна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Народот е немирен: бара правда и кај што нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)