Сте забележале ли, о бедни и блажени духом, дека пајакот е најмалку видливиот дел од мрежата негова, дека и тој, како и создателот е невидлив, а видлив е светот што го сочинил?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Помогни тато, шепотам, помогни ми. Но не гледам и не слушам ништо од него, освен стисокот, а и тој е невидлив, обвивка од топол воздух.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)