Нека му е лесна земјата на Никифор Абазовски, си реков. ,И дрвото не е дрво, ако не се чуе неговото паѓање", велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Балонот е лесен како пердувка, и штом Зоки само малку ќе дувне со устата, тој се извишува уште повисоко – сѐ до таванот!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
За среќа Метеорот тој час се покажа многу присебен и храбар, нека им е лесна земјата на тие чудни, незабележани херои, згазени човечиња, секогаш настрана, фрлени, - се колнам, среде огнот се исправи и го зграпчи во своите прегратки Методија Гришкоски.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- За инцидент е лесна работа. - Доволни се две три пцовки кон спротивниот табор и забавата може да почне - му дофрли Пудлицата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Изутрина можеби ќе му сведочат некому дека полноќниот воз налетал на мина... Нека му е лесна земјата!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Претворањето во опашка од златна риба не е лесна работа.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- А, ние, нам ни е важно да научиме како се концентрира. И учиме. Потоа телепатијата е лесна работа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ќе почнеш концентрирано да мислиш на некого, само на него и многу силно на него, што значи – ќе ги насочиш своите мисли да стигнат директно до него, и тој ќе ги прими нив, ќе ги чуе и ќе ти одговори.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)